fbpx

Ford и VW ќе направат електрични автомобили заедно

Еден од шефовите на Volkswagen Group официјално потврди дека компанијата ќе ја сподели со Ford новата платформа за електрични возила

Во јуни двете компании објавија дека разговараат за заедничка алијанса за развој и производство на комерцијални возила. Вчера главниот финансиски директор на VW, Франк Витер потврди дека стратегијата на гигантот е отворање кон повеќе партнери. Тој исто така не ја отфрли идејата дека дел од оваа стратегија може да е Ford за да создаваат електрични возила на платформата на VW MEB.

„Да, теоретски е можно да дозволиме пристап на други брендови надвор VW Group до модуларната платформа, но уште нема решение во таа насока“, изјави Витер.

Тој додаде дека компанијата во моментов вложува сериозни напори во претстојното производство на првите модели на платформата MEB што ќе стартува во ноември во фабриката во Цвикау, која е целосно наменета за производство на електрични возила.

VW Group планира да реализира на светскиот пазар 10 милиони електрични единици, поставени на платформата MEB, а првиот модел ќе биде со големина на Golf, кој засега го носи работното име I.D.

Планот вклучува 27 модели за четири бренда: VW, Audi, Skoda и SEAT, а кон крајот на 2022 година VW Group треба да стартува масовно производство на електрични возила на глобално ниво – во Европа, Кина и Северна Америка.

Поврзани вести

Back to top button