fbpx

Повторно поуспешна стратегија на Ferrari од Mercedes

Себастијан Фетел ја оствари втората последователна победа сезонава

Германецот триумфираше на патеката Сахир во ГН на Бахраин пред двата болиди на Mercedes. Валтери Ботас заврши за само 0,699 секунди зад Германцот, а Луис Хамилтон иако тргна од деветата позиција сепак се најде на подиумот.

Гледано од аспект на статистиката секако ќе биде забележано дека ова е третиот триумф на Фетел на оваа патека, односно негова победа по дури четири сезони. Во бележникот ќе влезе и фактот дека од 2004 година, па досега Ferrari не успеал да триумфира на две трки на стартот на сезоната. Секако, ќе се нотира и историскиот успех на Пјер Гасли на Toro Rosso, кој заврши на четвртото место и ова се неговите први бодови во кариерата. За жал влегуваат во белешките и неуспесите од типот на тоа дека трката не ја завршија и двата болида на Red Bull. Но, трката ќе влезе во аналите и по фактот што се случи во 36 круг, кога Кими Раиконен влезе во бокс и иако не беше завршена работа тргна и повреди еден од механичарите, кој веднаш беше префрлен во болница, а Финецот замина во бокс.

Беше возбудливо веќе по самиот старт на трката. Луис Хамилтон беше деветти поради неговата казна за менување на менувачот, а Макс Верстапен беше 15-ти по катастрофата во квалификациите. Сите возачи надвор од првите 10 беа на меки гуми, освен Брендан Хартли, Стефан Вандор и Роман Грожан, кои претпочитаа суперсофт и Хамилтон на медиум. На почетокот, Фетел тргна како што треба, а Волтери Ботас го мина Кими Раиконен. Кевин Магнусен го избута Серхио Перез, кој излета на четвртиот свиок, предизвикувајки ја појавата на жолти знамиња. На почетокот од вториот круг, Макс Верстапен, кој беше 11-ти, го нападна Луис Хамилтон. Двајцата се судрија нескајки и резултатот беше пукната задна гума за возачот на Red Bull. Токму во тој момент, Даниел Рикардо се повлече и застана, поради проблеми со болидот. Каков пех за тимот, но сепак Холанганецот „дотурка до бокс.

Во петтата рунда, Хамилтон се занимаваше со Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Нико Хулкенберг. Во следниот круг, го помина и Магнусен, додека Верстапен се откажа од трката. Фетел имаше водство од околу две и пол секунди пред Ботас, а Раиконен беше уште 2,6 секунди назад. Хамилтон веќе беше четврти, откако го мина и Гасли, а следеа Магнусен, Хулкенберг, Алонсо, Окон, Хартли. До 25. круг немавме посериозна драма, следеше „битката“ низ боксот. Во даден момент Хамилтон беше за 0,434 секунди пред Фетел. Германецот се обиде да го надмине големиот, но Британецот го одби нападот и ја задржа својата позиција. Но, во следниот круг, Себастијан успеа да го врати своето водство. Хамилтон ги смени гумите во 27-от круг и се врати како четврти. Фетел беше 5,3 секунди пред Ботас, Раиконен беше нешто повеќе од 7 секунди зад неговиот тимски колега, а Луис 25секунди. По ова следеше оној фателен 36 круг кога нстрада механичарот на Ferrari, кој по последните информации е хоспитализиран и има неколку скршеници.
Mercedes продолжи да го следи времето на Британецот. Неговиот тим рече дека одржува добро темпо. Пилотот побара повеќе информации, а тимот соопшти дека работат на тоа да пресметаат со која брзина Ханилтон би го минал, треба да донесат одлука. Следната размена на информации преку радиото, меѓу Хамилтон и неговиот тим беше уште понервозна. Пилот френетично праша како оди, а одговорот беше: „Жалам, Луис, не те слушаме“. „Не мислам дека ми ги давате сите информации, не знам што по ѓаволите го правам”, рече Хамилтон. Потоа му дадоа информација дека треба да вози еден круг околу 1:34 минута, но Британецот беше во сообраќај.

Сепак не Хамилтон, туку Ботас тргна на Фетел на пет круга пред крајот, откако стана јасен оној план „Д“ во стратегијата на Ferrari, по заминувањето на Раиконен, дека Германецот ќе се обиде да извлече максимум од гумите. Хамилтон беше назад 14 секунди, па нападна Валтери, кој за кратко го скрати растојанието до Германецот. Во 55-от круг, финскиот пилот веќе беше на 0,9 секунди од него. Битката продолжи во последните кругови, во кој Ботас се обиде да стигне, но не успеа. Финецот направи неколку грешки и разликата се зголеми, па Фетел стигна до својата втора победа за сезоната 2018.

Поврзани вести

Back to top button