fbpx

Formula 1 го најави календарот за 2022, рекорден број на трки

Раководството на Formula 1 го објави провизорниот календар за новата сезона која стартува во 2022 и ќе донесе рекорден број на натпреварувачки викенди

Годинешното издание на Formula 1 го имаше најголемиот број на трки со вкупно 22 натпреварувачки викенди. Но, раководството на најбрзиот циркус на планетата го објави првичниот календар за новата сезона, а ако се биде во ред, 2022 ќе биде рекордна со 23 трки.

Отворањето на сезоната ќе се одржи во Бахреин, по што ќе следуваат трките за Големите награди на Саудиска Арабија, Австралија и Италија. По ова, пристигнува инаугурациската трка за Големата награда на Мајами, како прва од двете трки во САД, по што ќе следуваат Шпанија, Монако, Азербејџан, Канада, Велика Британија, Австрија, Франција и Унгарија, пред да пристигне летната пауза. По ова, тимовите ќе се упатат кон Белгија, Холандија, повторно Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, одново САД, Мексико, Бразил и на крајот сезоната завршува во Абу Даби.

Formula 1

Враќање на дел од познатите трки

Некои од патеките, како што се Австралија, Канада, Сингапур и Јапонија, се враќаат во календарот за прв пат од 2019 година и избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, додека други, како што е Кина, нема да се вратат. Новата трка за 2021, Големата награда на Катар, ќе ја пропушти 2022 поради тоа што земјата ќе го организира Светското првенство во фудбал, но ќе се врати во 2023 година со десетгодишен договор. Истата година ќе дебитира и Санкт Петерсбург, кога Големата награда на Русија ќе се одржи на Igora Drive патеката, што значи дека 2022 ќе биде последна година на автодромот во Сочи, кој е домаќин на Formula 1 од 2014 година. Од следната година во календарот ќе ги нема и трките во Франција, Австрија и Турција.

Интересно е што во 2022 година нема да има разлика меѓу тркачките викенди поголема од две недели (покрај летната пауза која ќе трае еден месец), што значи дека фановите ќе добијат одлична забава, а возачите ќе бидат исклучително зафатени.

Според новите промени, сезоната ќе завршува во средината на ноември, наместо средината на декември, што би требало да им даде на тимовите повеќе време да одморат и да се подготват во пресрет на стартот на сезоната во 2023.

2021 Turkish Grand Prix, Sunday – LAT Images

Поврзани вести

Back to top button