Франкфурт 2019: Ford се обложува на електрификација
На саемот во Франкфурт, Ford е присутен со целосна хибридна постава на своите актуелни модели
Од компанијата се уверени дека овие предлози ќе бидат успешни и дека нивното учество на пазарот ќе биде поголемо од конвенционалните автомобили до 2022 година. Модели кои се на тронот од „синиот овал“ на изложбата во Франкфурт се новата Puma, Explorer, Kuga и каравнаската изведба на Mondeo со нивната хибридна и plug-in технологија, а присутен е и Tourneo Custom PHEV. Овие модели треба да ги освојат посетителите во наредните неколку денови.
На презентацијата пред медиумите од цел свет, говореше извршниот директор на Ford Europa – Јоерг Бејер, кој потенцираше „Не постои еден предлог што може да задоволи повеќе потрошувачи. Сите ние имаме различни потреби и различни навики во сообраќајот. Нашата стратегија е да ја споредиме вистинската опција за електрифициран погон на вистинското возило, помагајќи им на нашите клиенти да го изградат своето искуство“.
Презентирана пред само неколку месеци, Ford Kuga е првото возило на компанијата кое се нуди во сите верзии на погон. Кај него покрај конвенционалниот мотор, има понуда и со mild-hybrid, self-charging hybrid и plug-in hybrid.
Последанта понуда комбинира четири цилиндричен агрегат со зафатнина од 2.5 литри и електричен мотор со 14,4 kWh батерија, кои заедно даваат моќност од 222 коњски сили.
Другиот PHEV предлог кој е во центарот на вниманието на штандот на Ford е големиот Explorer. Тој во себе комбинира 3.0 литарски EcoBoost V6 погон со електричен мотор кој работи константно со што испорачува 444 коњски сили и 840 Nm вртежен момент, а батеријата од 13,1 kWh е доволно моќна да допринесе 40 километри автономно возење.
Puma засега е во понуда само со mild-hybrid, но во две верзии. И кај двете опции моторот е EcoBoost со зафатнина од 1.0 литар, но кај првата има 123 КС, додека кај втората има 153 КС. Ова е третиот предлог на Ford од електричното семејство, а последен е Mondeo Wagon Hybrid, кој добил 2.0 литарски конвенционален мотор со Atkinson систем и електричен агрегат со батерија од 1,4 kWh, кои дават моќ од 184 КС.