Франкфурт 2019: Hyundai со целосно нов i10 и визијата Concept 45
Hyundai на саемот во Франкфурт се пофали со новата генерација на моделот i10. Покрај оваа премиерата, брендот даде голем акцент спортската модификација i10 N Line
Hyundai i10 N Line е четврт модел на специјалното семејство N Line на марката и неговото сериско производсвто го најавија за следната година. Новиот i10 N Line дебитира со специјално модифициран еднолитарски Т-GDi трицилиндричен мотор со максимална моќност од 100 коњски сили и максимален вртежен момент од 172 Nm. Достапен е и 1.2 литарски, четирицилиндричен мотор со 84 коњски сили, а и двете единици ќе бидат понудени со петстепен мануелен менувач.
Споредено со стандардната верзија на новиот i10, верзијата N Line располага со браник и предна маска со нов уникатен дизајн, 16-инчни тркала, LED-дневни светла, опционален заден дифузер, спортски управувач, предна табла со црвени елементи, спортски седишта и многу повеќе.
Покрај овој новитет на штандот го видовме и Hyundai Concept 45. Овој концепт е инспирација од Pony Coupe Concept кои се појави во далечната 1974 година. Кај овој предлог Hyundai ја наговестија најновата технологија на надворешните светлосни групи преку напредната архитектура, а во внатрешноста, брендот ќе се обиде да создаде емоционална конекција со корисникот.
Името 45 ги означува годините од идејата за Pony Coupe Concept, а водено и аголот од 45 степени на повеќе детали кои ги гледаме на надворешноста на моделот. Ова е електричен предлог на брендот кој кориси 800 ватна технологија. Со ова како и останатите брендови, Hyundai ја најавува електричната технологија која ќе се користи од страна на компанијата во своите идни модели.