fbpx

Франкфурт 2019: Првиот електричен модел на Cupra доби 3 мотори

Шпанската Cupra, која извесно време веќе е одделена од Seat, на самот во Фрнакфурт претстави прототип наречен Tavascan

Првиот електричен кросовер на компанијата е именуван по ски-центар во Каталонија, во близина на француската граница, а од брендот ветија дека наскоро ќе ја претстават и неговата производна верзија. Моделот е изграден на новата платформа MEB, која е развој на Volkswagen исклучиво за еколошки автомобили. Tavascan се напојува со три електрични мотори – еден на задната оска и два на предната.

Вкупната моќност на автомобилот е 306 коњски сили, а тоа му дава можност на автомобилот да забрза од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди. Прототипот има голем браник на предницата, осветлено лого, аголни LED светла за дневно возење и тркала од 22 инчи во форма на турбина. Во внатрешноста на автомобилот се инсталирани два големи дисплеи, меѓу кои доминира кожата и алкантарата. Централната конзола има два екрани, од кои едниот е 12,3-инчи за информации од возилото, додека другиот е 13-инчи и со него се контролира мултимедијалниот систем.

Поврзани вести

Back to top button