Франкфурт 2019: Renault настапи со новиот Captur
Учеството на Французите на салонот во Франкфурт е повеќе од скромно - брендовите Citroen и Peugeot не пристигнаа, а Renault донесе само еден автомобил, но тоа е особено важно за компанијата
Ова е втората генерација на кросоверот Captur, која изгледа далеку поинтересна од претходникот. Моделот добил светлосни групи со LED диоди, каросерија во две бои, агресивни предни и други импресивни решенија за дизајн.
Голема разлика е направена и во димензијата на моделот кој од должина од 4122 е зголемен на 4229 mm, а растојанието помеѓу двете оски се зголемено за 33 mm и сега е 2693 mm. Сето ова влијаело и на волуменот на багажникот, кој има 536 литри – 81 литри повеќе од неговиот претходник.
Целокупниот ентериер нуди 18 комбинации на бои, како и двокатна централна конзола со преграда за мали предмети. Опремата е побогата, со екран на допир, две мултимедијални опции, греење на воланот, активен темпомат, камера околу целиот автомобил и друго.
Основната единица за моделот е 1.0 литарски три цилиндричен турбо мотор со 100 коњски сили, комбиниран со 5-степен мануелен менувач. Проследено со 1.3 TCe (4 цилиндри, 130 или 150 КС) и 1.5 (95 или 115 КС) дизел, за кои се достапни 6-брзински или 7-брзински роботизирани менувачи.