Франкфурт 2019: Wey блесна во Европа
Како што пишавме пред кратко време, Wey е бренд кој е создаден од страна на Great Wall, позициониран e над Haval, а за задача има да ја освои Европа
Денес сме сведоци на дел од нивните модели, кои рака на срце, изгледаат европски. Кинескиот бренд Wey е со седиште во Велика Британија, а на изложбата во Франкфурт брендот прикажа неколку новитети. Покрај ѕвездата на компанијата VV7, во нормална и GT Pro изведба, на нивниот штанд блескаше Wey S.
Ова е модел која е комплетно електричен, а тоа може веднаш да се забележи од предната маска која нема отвори за вентилација. Предните светла имаат ласерски-луминисцентни делови, а необична е и светлосната група одзади.
Настрана од новитетите, Wey не изненади со уште еден модел, но засега само како концепт. тоа е Wey X кој навистина изгледа футуристички. Иако силно потсеќа на прототипот на моделот S, тој има новини кои фасцинираат. На пример, наместо предната решетка, поставен е дисплеј кој дава сигнализацаија за останатите учесници во сообраќајот.
Моделите од овој бренд во моментов се продаваат само во татковината каде се достапни кросоверите VV5, VV6, VV7 и P8. Сепак, Кинезите наскоро планираат да започнат со извоз на своите модели на други пазари, вклучително и на европскиот.