Freelander се враќа како урбан SUV
Еден од најпродаваните модели на Land Rover ќе се врати во палетата на британскиот производител со нова карактеристична концепција
Ревитализираниот Freelander ќе биде компактен градски SUV, кој ќе се бори за клиенти со Audi Q2, Jeep Renegade и MINI Countryman, најави Autocar.
Најмалиот Land Rover ќе биде долг не повеќе од 4.200 mm (првиот Freelander од 1997 година беше долг 4.420 mm) и ќе биде изграден на скратената и модернизирана платформа D8, која во моментов служи за основа на Discovery Sport, Range Rover Evoque и Jaguar E-Pace.
Со новиот-стар модел Land Rover ќе се обиде да влезе во сегментот на најмалите SUV изданија, од кој во 2017 година се продадени над 5 милиони возила, што значи е потребно вакво остварување за гигантот. Освен тоа компактниот Freelander, сметаат од брендот, ќе го привлече интересот на помладите купувачи со скромни финансиски можности кои еден ден ќе можат да си дозволат поскапи предлози од компанијата.