Апсолутно нов SUV од Toyota или само концепт?
За помалку од две недели, на салонот во Лос Анџелес, јапонскиот гигант Toyota ќе го прикаже автомобилот Future Toyota Adventure Concept (FT-AC)
За помалку од две недели, на салонот во Лос Анџелес, јапонскиот гигант Toyota ќе го прикаже автомобилот Future Toyota Adventure Concept (FT-AC). Во моментов сè околу новиот модел се чува во тајност, оставајќи ги фановите на брендот да дискутираат, коментираат, претпоставуваат… Колку тие и да се обидуваат да погодат што ќе биде новиот модел, во моментов тоа е невозможно.
LED светлата од тизерот може да најавуваат прототип на сосема нов модел, или пак тоа ќе биде само уште еден концепт кој никогаш нема да дојде во серија. Убава занимација од Toyota, а за сите одговори ќе мораме да почекаме до 30-ти овој месец.