Gazelle Next – Следно ниво на доверливост и сигурност
Рускиот производител GAZ во 2012 година започна со производството на новата генерација на лесни комерцијални возила Gazelle Next
Со лансирањето на новата генерација на Gazelle Next лесните комерцијални возила, рускиот производител GAZ започна со испишување нови страници во историјата на компанијата. Со посветувањето на исклучиво комерцијалните возила според новата стратегија на компанијата, Next поставата одигра клучна улога. Причина за тоа е доверливоста, квалитетот и сигурноста кои ги нудат лесните комерцијални возила на Gazelle. Покрај тоа, Next возилата во себе содржат компоненти од најголемите светски производители во автомобилската индустрија, како што се Bosch, Mando, Automotive Lighting, Delphi, ZF и TAKATA.
Развиени во сопствениот инженерски центар, возилата на Gazelle Next се одликуваат со современи технички решенија, компоненти од водечките светски производители, а за време на развојот е посветено посебно внимание на секој детал, при што се врши строга контрола на квалитетот на Next комерцијалните возила, благодарение на што истите работат беспрекорно. Доказ за тоа е и што Gazelle Next во два наврати беше избран за автомобил на годината во Русија и тоа за 2019 и 2020 година.
Особено треба да се истакне квалитетот и цврстината на камионската шасија со двојни тркала на задната оска кои пристигнуваат како стандард кај сите Gazelle Next модели, со што гаранцијата за доверливоста е загарантирана, квалитетот во извршувањето на секојдневните обврски е на највисоко ниво, а со тоа е овозможена и употребата на возилото во секакви услови, како и отпорноста при зголемена тежина на товар. Благодарение на двојните тркала на задната оска, Gazelle Next се одликуваат со подеднакво однесување на возилото, без оглед дали е празно или целосно натоварено.
Gazelle Next во Македонија
На македонскиот пазар, Next комерцијалните возила се достапни во N1 (носивост до 3,5 тони) и N2 (носивост до 4,6 тони) варијанти, како и во неколку изведби како што е камион со алуминиумски сандак со единечна и двојна кабина, комбе за превоз на 3 или 7 луѓе со товарен простор со најголема висина во сегментот од 2 метри и волумен од 13,5 m3. На крајот, тука е и минибусот за превоз на 16 патници.
Gazelle Next е вистинскиот избор за оние кои тежнеат да стигнат до успехот, а Next комерцијалните возила гарантираат дека сопственикот ќе успее да дојде до целта во најкус можен рок, а притоа ќе успее да ги изврши своите секојдневни потреби без никакви грижи. Покрај сите горенаведени работи, Gazelle Next се одликува и со други предности како што е достапноста, ниските трошоци за одржување и високата вредност.