fbpx

Geely Icon до крајот на годината ќе добие производна верзија

Минатата година на саемот во Пекинг Geely привлече внимание со концептот Icon кој беше дизајниран од Geely Design студиото во Шангај раководено од Питер Хорбери

Засега е познато дека Icon ќе ја користи модуларната платформа BMA, и дека еден од понудените мотори ќе биде 1.5 литарски турбо бензинец со 177 коњски сили и 255 Nm вртежен момент. Овој мотор е создаден со заеднички развој на Geely и Volvo. Подоцна се очекува да пристигне хибридна варијанта, но деталите сè уште не се познати.

Icon

Icon е долга 4350 mm, широка 1810 mm, висока 1615 mm и има меѓуоскино растојание од 2640 mm. Исто така е познат и податокот дека овој автомобил има дигитална инструмент табла и модерен инфозабавен систем од 10,25 инчи (26 cm). Почетокот на продажбата се очекува да стартува до крајот на годината.

Поврзани вести

Back to top button