fbpx

Geely купува удел во Renault Korea за да извезува во САД

Кинескиот производител Geely ја засилува соработката со Renault со купување на удел во корејската дивизија на француската компанија

Кинеската компанија Geely, која е сопственик на Zeekr, Volvo и Lotus, ќе купи 34,02 проценти удел во Renault Korea за 200 милиони долари што ќе и овозможи да извезува автомобили произведени во Јужна Кореа на американскиот пазар.

Во официјалното соопштение објавено во вторникот, од Geely истакнаа: „Договорот ќе ја засили соработката меѓу Renault Group и Geely Auto во идните проекти на јужнокорејскиот пазар“.

Како што пренесува Automotive News Europe, извор близок до компанијата го опиша овој договор како „отворање на вратите во САД“ за Geely. Благодарение на договорот за слободна трговија меѓу Јужна Кореа и САД, Geely ќе може да продава автомобили произведени во Кореа во Северна Америка без никакви даночни обврски. Renault исто така ќе профитира од овој договор, добивајќи пристап до повеќе финансии за својот план за електрификација.

Иако официјалните планови се уште не се објавени, Geely би можел да го произведува Zeekr Robotaxi во фабриката на Renault Korea во Бусан која има производствен капацитет од 300.000 возила годишно. Автономното возило е потврдено за лансирање во САД во следните години, каде ќе се приклучи на флотата на Waymo.

Renault останува мнозински сопственик

Според официјалната најава, Renault Korea ќе продаде 45,4 милиони акции на Centurion Industries на Geely за 4,56 долари по акција. Со ова се доаѓа до сума од 207 милиони доолари за 34,02 проценти од акциите во Renault Korea. И покрај оваа трансакција, Renault останува мнозински сопственик во Renault Korea, додека Samsung Card го задржува својот удел од 20 проценти.

Оваа вест доаѓа неколку месеци по најавата за соработка меѓу Geely и Renault-Samsung за нов опсег на модели базирани на CMA архитектурата на Geely на која се поставени модели како Volvo XC40, C40, Polestar 2 и Geely Xingyue L. Поставата на бензински и хибридни модели со беџот на Renault-Samsung ќе се произведуваат во Јужна Кореа почнувајќи од 2024 година со можни опции за извоз во иднина.

Поврзани вести

Back to top button