fbpx

Geely го покажа својот прв глобален модел

Кинескиот производител Geely објави фотографии од кросовер кој е изграден на нова модуларна платформа

Засега моделот е познат под тајна ознака SX11, но на пазарот ќе се појави под ново име. Во основата на автомобилот е новата платформа BMA (B-segment Modular Architecture), за која од Geely тврдат дека е сопствен развој. Некои елементи од неа, сепак, се преземени од CMA (Compact Modular Architecture), направена од кинеската компанија во соработка со Volvo. Токму CMA се користи за кросоверот Volvo XC40, како и за моделите на марката Lynk & Co (заеднички проект Geely и Volvo).

Дизајнот на SX11 е во корпоративниот стил на Geely, за кој одговара Питер Хорбери, кој работел порано во Volvo.

Должината на моделот е 4.330 mm, широчината 1.800 mm, висина  1.609 mm, а растојанието помеѓу двете оски 2.600 милиметри. Значи кинескиот кросовер е помал од Volvo XC40, чии димензии се 4.425, 1.863, 1.910 mm, а меѓуоскиното растојание 2.702 mm.

1 | SX11
2 | SX11
3 | SX11

    Во прво време SX11 ќе се продава со бензински турбомотор со 3 цилиндри и зафатнина од 1.5 литри, развој на Volvo. Неговата моќност е 177 КС и 255 Nm. Со XC40, истиот мотор развива 156 КС и 265 Nm, користејќи автоматски менувач со 6 брзини. За „кинескиот“, сепак, се предвидени 7-брзински роботски менувачи со две спојки. Засега не е јасно дали моделот Geely ќе има 4х4, но се знае дека догодина ќе добие хибридна верзија.

    Кросоверот на Geely е дефиниран како “глобален модел”, до крајот на годината ќе излезе на пазарот во Кина, а од 2019 година ќе се нуди и во други земји. На платформата BMA претстои да бидат изградени седан, хечбек и компактен ван, а освен од Geely таа ќе се користи уште од Volvo и Proton (брендот од Малезија, кој исто така е во сопственост на кинеската компанија).

    Поврзани вести

    Back to top button