Geely со нов SUV во купе изведба
Автомобилскиот гигант Geely Auto (Geely) ги објави првите слики на целосно новиот SUV во купе верзија, за кој од компанијата коментираат дека ќе биде најдобро фокусиран на динамичното однесување на патот
Новиот SUV на Geely Auto е првиот автомобил на марката, кој е развиена на платформата CMA (Compact Modular Architecture), која е развиена во соработка со Volvo во развојниот технолошки центар во Гетеборг. Дизајнот на возилото пак е дело на тимот на Geely Design Shanghai, предводен од шеф-дизајнерот Питер Хорбри.
За момент, од Geely не споделија дополнителни детали за новиот модел, но истакнаа само тоа дека дизајнот ќе биде доминантен, со извисени и силни линии на крилата, преден дел со моќни отвори за воздух во долна зона, нова генерација дневни LED светла и истакнат среден дел.