Гигантот Geely започнува нов глобален бренд за електрични автомобили
Групацијата Geely Holding, која ги поврзува Geely Auto Group, Volvo Car Group и Групацијата Geely New Energy Commercial Group, го претстави својот светски бренд Geometry, наменет само за електрични возила
Паралелно со објавуванјето на нова марка Geometry во Сингапур, од Geely открија детали за првиот пазарен предлог наречен Geometry A што ветува автономија во електричен режим од 500 километри. Моделот ќе биде достапен во две главни верзии – стандардна километража (410 km) и проширена (500 km), како и шест нивоа на опрема.
Погонот на Geometry A е доверен на погонскиот систем со моќност од 120 kW или 163 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm. Електричниот автомобил ќе биде во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за 8,8 секунди. Користејќи систем за брзо полнење, полнењето на батеријата од 30-80% ќе трае 30 минути.
Geely најавува дека до 2025 година, 10 модели, вклучувајќи седани, SUV и кросовер автомобили, како и MPV ќе бидат вклучени во портфолиото на Geometry. Моделот A ќе се нуди со богат сет системи за активна и пасивна безбедност, вклучувајќи автоматски систем за сопирање со препознавање на пешаци, автоматски светла, систем за предупредување при опасност од удар, полуавтономно управување и друго.
Geely вели дека во моментов има повеќе од 27.000 барања за купување, од кои 18.000 се од странски клиенти од Сингапур, Норвешка и Франција. Основна цена на Geometry А во Кина (со исклучок на даночни одбивања) е поставена на 31.250 долари. Најевтината верзија на електричната верзија со проширена километража е 34.200 долари, а најскапата е 37.200 долари.