fbpx

General Motors најавува електрично купе

General Motors планира да лансира 20 електрични модели во следните пет години, а компанијата најавува неколку несекојдневни модели кои ќе изнудат повеќе возбудливи емоции на купувачите

General Motors најавува неколку несекојдневни модели кои ќе изнудат повеќе возбудливи емоции на купувачите.

За оваа цел, веќе од сега Американците, се обидуваат да привлечат соодветно внимание. Па понудија фотографија со Chevrolet Bolt во преден план и уште 9 автомобили, кои остануваат покриени. Лево од Bolt има купе со атрактивни форми, делумно скриени со велот на мистериозноста. Предниот дел се чини дека има врска со Corveta, а задниот дизајн изгледа како Camaro. Со оглед на пропорциите на околните модели, патничкиот простор најверојатно ќе биде компактен по големина. Пристапниот спортски електричен модел ќе му даде на GM сериозна предност, бидејки таква понуда на пазарот денес не постои, ниту во Северна Америка, ниту во САД.

General Motors

Сеуште нема информации за новите електрични модели на GM, но првите два или три од нив се очекува да бидат презентирани во наредните 18 месеци. Според гласините, еден од нив ќе биде модел на Buick, базиран на Bolt.

Поврзани вести

Back to top button