fbpx

GM и Honda заедно развиваат нови батерии

Американскиот и јапонскиот автомобилски гиганти - General Motors и Honda, постигнаа договор за заедничка работа на електрични автомобили

Производителите заеднички ќе развиваат и батерии за „зелените” машини. Двете General Motors и Honda ја обелоденија новата соработка. Според предвиденото во него инженерите на двете компании ќе се занимаваат со проектирање и производство на батерии од новата генерација. Компаниите не открија детали за проектот, но е јасно дека договорот меѓу нив предвидува долгогодишна соработка.

Автомобилските експерти укажуваат дека со новите батерии ќе бидат опремени модели на Honda, Chevrolet, Cadillac, Buick, GMC, Baojun, Holden, Jiefang и Wuling.

Сеуште не е познато, кога произведената батерија во рамките на новиот проект на General Motors и Honda, ќе се појави на пазарот. Според некои експерти, тоа ќе се случи не порано од 2020 година. Не е анализирано и како новите батерии ќе влијаат врз цените на електричните автомобили.

General Motors и Honda

Поврзани вести

Back to top button