fbpx

General Tire станува официјален партнер на Euro NASCAR

Од 2019 година, овој американсни бренд ќе биде нов официјален снабдувач на пневматици за потребите на сите возила на NASCAR Whelen Euro Series

Почнувајќи од следната година, брендот за пневматици General Tire ќе биде официјален партнер на тркачкиот серијал NASCAR во Европа, со што ќе претставува ексклузивен снабдувач со пневматици за сите тимови кои ќе учествуваат во овој серијал. Негова задача ќе биде да обезбедува мазни, како и пневматици за мокри услови од својот нов модел NWES GT, со големина 11.5/27.5 R15 за предни и задни тркала.

„Ние сме многу горди и среќни за ова долгорочно партнерство со General Tire. Обврзувањето од шест години претставува огромна доверба во NASCAR и неговиот потенцијал. Со General Tire ја делиме истата силна желба за понатамошното развивање Euro NASCAR, постигнување нови успеси и промовирање на овој бренд низ Европа. Ова е голем чекор напред за овој серијал и сега само небото е граница,” изјави Џером Галпин, претседател и извршен директор на Euro NASCAR.

NASCAR

Кон ова се надоврза и Гај Фробишер, висок менаџер на проектот на General Tire во Европа, кој изјави: „NASCAR и General Tire претставуваат идеални партнери, и тоа не само поради богатото американско наследство кое го делиме. Ова претставува фантастична прилика за нас, преку која имаме можност да го претставиме нашиот бренд во една ваква возбудлива и брзорастечка поставка во мотоспортот. Нашите инженери во САД развија тркачки пневматици кои ветуваат дека ќе ги задоволат високите очекувања од тимовите.”

Овој серијал посетува места во седум европски земји со професионални тимови кои ги прикажуваат своите автомобили 400 коњски.

Кај нас, официјален застапник на General Tire е центарот за пневматици „Мотоцентар”. За повеќе информации, посетете ја нивната веб-страна http://www.motocentar.com.mk/

NASCAR

Поврзани вести

Back to top button