fbpx

Genesis ја најави караванската изведба на G70

Европската офанзива на Genesis започнува со силно темпо, а компанијата ги објави првите тизер фотографии од караванската изведба на G70

Кон почетокот на 2020 година се појавија шпекулации дека Genesis размислува за развивање на караванска верзија на G70 моделот, а сега и официјално го потврдува сето тоа со првиот сет на тизер фотографии од моделот. Фотографиите го прикажуваат камуфлиран прототип, а фокусот е дизајнот на задниот дел. Исто така, забележлив е и долгиот спојлер, поделените задни светла и карактеристичното трето стоп светло во V форма.

Genesis не откри многу детали за моделот, но потврди дека G70 караванот пристигнува наскоро. Компанијата исто така додаде дека фановите треба да се подготват за „да му посакаат добредојде на нов, атрактивен член на семејството на Athletic Elegance на Genesis“.

Иако нема фотографии од ентериерот, сепак нема причина за караванот да се разликува од седанот, кој е достапен со 10,25-инчен инфозабавен екран, меѓу другото, и високо ниво на луксуз, како вентилирачки седишта со Nappa кожа и греење и управувач обложен со кожа и греење.

Сличностите меѓу двете верзии би требало да продолжат и со моторниот опсег, исто така. Тоа значи дека ќе го има истиот 2,5-литарски мотор достапен во базичната верзија и се одликува со моќност од 290 КС и 420 Nm максимален вртежен момент. Исто така се очекува и 3,3-литарски V6 битурбо агрегат, заедно со дизел мотор. Genesis се очекува наскоро да го претстави караванскиот G70 и ќе треба да одигра клучна улога на европскиот пазар каде корејската премиум марка се подготвува за пазарна офанзива.

Поврзани вести

Back to top button