Женева 2019: Alfa Romeo претставува спортски верзии на Giulia и Stelvio Quadrifoglio
Alfa Romeo ги сподели најновите детали за учество во овогодинешното издание на меѓународниот саем во Женева, што започнува за неколку дена
Со услов дека ќе има и други големи новини на штандот на марката, од Alfa Romeo ја посочуваат како главен акцент специјалната лимитирана серија Alfa Romeo Racing на Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio со која ќе му оддадат почит на легендарното наследство на компанијата во мотоспортот и новиот тим во Formula 1- Alfa Romeo Racing.
Друга интересна новина која ќе ja претстават на женевската изложба од Alfa ќе биде специјалната верзија Stelvio Ti (Turismo Internazionale). Stelvio Ti ќе биде претставено во верзија со 2.0 бензински турбо агрегат со максимална моќност од 280 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm, осумстепена роботизирана менувачка кутија и систем за погон на четири тркала Q4. Автомобилот ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 5,7 секунди и максимална брзина на движење од 230 km/h.