Женева 2019: Cupra со Ateca Special Edition
Новата марка Cupra ja презентира првата специјална серија на својот автомобил за време на меѓународниот саем во Женева, за која од компанијата најавуваат дека ќе биде достапна до крајот на оваа година
„Единственоста е една од клучните вредности во визијата на Cupra“, коментира Антонио Лабате, директор за стратегија, бизнис, развој и бренд операции. „Слично на тоа што го направивме минатата година со Cupra R, ние сакаме да понудиме лимитирана серија на нашите најуспешни модели и да ги изненадиме оние автомобилски ентузијасти кои доживуваат страст кон најексклузивните дизајнерски производи. Со Cupra Ateca Special Edition ние ја пренесовме персонализацијата на следното ниво со рачно изработено возило“.
Новата Cupra Ateca Special Edition се разликува од сериската верзија на Cupra Ateca со голем број на дополнителни и стилистички елементи исполнети со карбон. Уникатно за серијата е спортскиот издувен систем на специјалистот во областа Akrapovic и друго. Вклучени во опремата се и ексклузивните 20-инчни тркала и бојата на надворешноста, спортските седишта со уникатни перформанси и многу повеќе.
Погонот на Cupra Ateca Special Edition се остварува преку работата на дволитарскиот, четирицилиндричен TSI бензински мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 300 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm. Менувачот на луксузнот спортски SUV е автоматски со седум брзини и погон на четири тркала.