Женева 2019: Renault и Dacia со неколку презентации
Renault и Dacia ги споделија првите детали за новостите кои двете марки ќе ги претстават за време на меѓународен саем во Женева кои ќе започне на почетокот на следниот месец
Главниот акцент на штандот на Renault ќе бидат целосно новата петта генерација на хитот за брендот Clio, од кое во моментот се продадени 15.000.000 единици и што ќе биде првиот автомобил на француската група, кој ќе се нуди со хибриден погон.
Надворешноста на новото Renault Clio се одликува со модерен и стилски дизајн, а во исто време екипата на брендот успеа да постигне и импресивен баланс помеѓу динамика и елеганција. Предната решетка на автомобилот е поголема, што дава уште поголема експресивност на целиот распоред на предницата на автомобилот.
Иако е со 14 mm пократок и со 3 сантиметри понизок а од компанијата велат дека новата генерација е со простран ентериер. Во исто време, товарниот капацитет на багажниот простор е зголемен до 391 литри, а во кабината има дополнителни прегради за помали дрангулии со капацитет од 26 литри.
За време на учеството на женевскста изложба, Renault ќе го претстави и Twingo, за што од компанијата објавија дека станало уште попривлечно и свежо, со нови можности за персонализација, со модерен инфо-комуникациски систем и три бензински верзии.
По рекордот кој го имаше при пазарното претставување во изминатата календарска година, главен акцент кај Dacia на салонот во Женева ќе биде новата специјална серија Ultimate (Techroad на некои пазари), во која ќе бидат вклучени модификациите на Duster, Logan и Stepway верзиите на Sandero, Logan MCV , Lodgy и Dokker и која ќе предложи две нови екстериерни бои- Fusion Red и Highland Grey.