fbpx

Женева 2019: Škoda и официјално го покажа Kamiq

Škoda за прв пат објави подетални информации, комплетни фотографии и видео на целосно новиот модел Kamiq кој ќе дебитира на штандот на марката на салонот во Женева на почетокот на март

За Kamiq, Škoda вели дека ги комбинира предностите на SUV со компактните модели. Главните димензии на возилото, кој е развиен на MQB платформата, се должина 4241 mm, ширина 1793 mm и височина 1531 mm, а меѓуоскино растојание е 2651 mm.

Со товарен капацитет од 400 литри (1395 литри при спуштени задни седишта), моделот ќе понуди и доволно простор за патниците на задните седишта, кои ќе имаат простор од 73 mm во областа на колената.

Во Škoda велат дека внатрешноста на Kamiq ќе понуди комбинација на ергономија и емоции со типичен за брендот внатрешен простор и функционалност, а дел од распоредот на дизајнот е позајмен со она што го видовме за прв пат кај студискиот развој Vision RS.

Главен акцент тука е високото позиционирање во средишниот дел на централната табла каде е сместен инфо-комуникациски и мултимедијален систем, а при избор на Virtual Cockpit опцијата, возачот може да се потпре на 10.25-инчен екран.

За ентериерот на Kamiq од Škoda подготвија и бројни можности за персонализација и надградба, вклучувајќи греење на ветробранското стакло, задните седишта и воланот. Škoda Kamiq ќе влезе на пазарот со избор од четири верзии на мотори и адаптивна опција за суспензија.

Основната верзија на моделот ќе располага со 1.0 TSI бензински мотор со 95 коњски сили, по што се подредуваат 1.0 со 115 коњски сили, четирицилиндерскиот 1.5 литарски со 150 коњски сили и 1.6 литарскиот TDI дизел со 115 коњски сили.

Kamiq ќе се нуди и со богат сет системи за активна и пасивна безбедност, вклучувајќи Front Assist и Lane Assist за избегнување на удар, адаптивен темпомат, Crew Protect Assist за дополнително обезбедување на патниците во случај на инцидент, паркинг сензори и друго.

Поврзани вести

Back to top button