fbpx

Во Германија се зголемуваат субвенциите за електромобилите

Властите во Германија ги зголемија субвенциите и даночните намалувања, кои ги добиваат сопствениците на електрични возила

Новите правила се во сила од стартот на месецов, според кои данокот на официјалните автомобили со хибридни или електрични мотори е намален за 50%. Овие олеснувања ќе важат само за возилата кои ќе бидат купени во наредните три години, од 1 јануари 2019 до 31 декември 2021 година. Оваа мерка јасно ја потврдува визијата на германската влада за електромобилите, кои треба да бидат водечки во транспортот на земјата во иднина.

Ова намалувањата на даноците се воведува поради фактот што досегашните мерки не покажаа посебни резултати, тврди Deutche Welle.

Имено, вреди да се напомене дека новите регулативи во субвенционирањето се наменети пред се за компаниите, независно било тоа да се државни или приватни. Според анализите, секоја година во Германија се купуваат околу 800.000 лесни возила, кои се обезбедуваат за менаџери, како и за вработените кои треба да комуницираат со клиентите.

Во случаи кога компаниите им дозволуваат на своите вработени да користат автомобили за приватни цели, даночните власти бараат од нив да ги платат потребните такси. Причината е тоа што ова се смета за материјална, иако индиректна, како награда за работниците. Затоа секој месец кон приходот на соодветниот вработен е додаден 1% од каталошката цена на неговиот автомобил. Ако во просек чини 60.000 евра, тоа е 600 евра месечно. На крајот на годината се покажа дека вработениот добил дополнителни 7.200 евра, кои исто така се оданочуваат.

субвенции

Сега, од 1 јануари даночната стапка се намалува до 0,5% и тогаш при вредност на возилото од 60.000 евра кон приходот на работникот се додаваат 300 евра, што значи 3.600 евра годишно. И бидејќи во Германија службените автомобили на менаџерите се главно BMW, Mercedes, Audi и Porsche, на тој начин властите ги подржуваат германските производители и ги тераат да се преориентираат кон производството на електрични возила.

Новата мерка доведе до голема критика. Според професор Фердинанд Дуденхор, директор на Центарот за автомобилски истражувања во Дуисбург-Есен, од тоа заработуваат најмногу хибридите. Тие сепак работат повеќе со моторот со внатрешно согорување, отколку со електромотори и тоа ќе се одрази негативно на животната средина.

Покрај тоа, за три години, државата ќе добие 2 милијарди евра помалку од даноци, што исто така е сериозно намалување. Сомнежи кај експертите предизвикува и тригодишната програма на владата на Германија, која дава премија од 4.000 евра на секој купувач на електромобил и по 3.000 евра за хибрид.

Досега ова не дава резултати, бидејќи наместо очекуваните 300.000 автомобили, во рамките на програмата се продадени едвај 66.000.

Поврзани вести

Back to top button