fbpx

Викенд тарифа: Германска драг битка меѓу BMW M8 и Mercedes-AMG A45 S

За нова викенд тарифа пристигнува нова интересна драг трка, а овојпат на програмата е германска битка меѓу BMW M8 и Mercedes-AMG A45 S

Ова е веројатно една од поинтересните драг трки на два автомобили, особено поради ривалството кое го имаат BMW и Mercedes. Германските гиганти излегоа на мегдан со своите спортски модели BMW M8 и Mercedes-AMG A45 S, а иако станува збор за неправедна и нерамномерна трка, сепак вреди да се погледне. AMG A45 S се напојува со 2,0-литарски M139 мотор со два турбо полначи кој испорачува 416 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Од друга страна, BMW M8 е значително помоќен и поскап, а се напојува со 4,4-литарски twin turbo S63 V8 мотор кој испорачува 617 КС и 750 Nm максимален вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button