Германскиот суд дозволи итна забрана на старите дизели
Врховниот управен суд во Германија донесе итна забрана за движење на стари дизел автомобили на улиците на големите германски градови
Одлуката е на сила од минатата недела и за истата нема никаков грејс период. Со други зборови, градските власти сега можат легитимно да го забранат пристапот на старите дизел автомобили. Согласно новата регулатива на управниот суд, прво, дизел возилата со стандард Еуро 4 ќе бидат комплетно остранети и тоа главно во големите градови. По нив ќе бидат и поновите Еуро 5, а единствено со време ќе може да се сообраќаат само дизелите со Еуро 6 стандардите.
Експертите предвидуваат дека забраните ќе предизвикаат сериозни главоболки во автомобилската индустрија. Прелиминарните пресметки се дека производителите ќе потрошат над 10 милијарди евра за подобрувања на старите дизел автомобили за да можат да продолжат да се движат законски.