fbpx

GEV Adventure Truck- превирања на твоите соништа

Global Expedition Vehicles овозможува прилагодување и впуштање во авантура, само доколку успеете да избегате неколку недели од работа

За почеток, корисниците кои ќе купат GEV, како основно возило можат да изберат Dodge RAM 5500 или Ford F550. На ова возило се надоврзува комбинирана кутија за повеќекратна употреба направена од фиберглас. Кутијата е приспособена да биде живеалиште за двајца со кујна и купатило.

Покрај тоа овој авантуристички камион е опремен со резервоар за гас од 378 литри, резервоар за вода од 340 литри и резервоар за отпадни води од околу 100 литри. Во одделот за електрична енергија, на покривот може да се најдат сончеви панели со моќност од 400 вати. Надворешните светилки се исто така инсталирани околу возилото со цел да обезбедат солидно осветлување.

Ако Вашиот паричник го дозволува ова, оваа скромна сатисфакција би Ве чинела 198.000 долари и авантурата може да почне.

Поврзани вести

Back to top button