Гласини за соработка меѓу McLaren и мистериозен британски бренд
Откако на Twitter се појави слика од задната табла на McLaren 570GT, гласините не стивнуваат за тоа која е мистериозната британска компанија со која ќе соработува McLaren
Сето ова немаше воопшто да не заинтригира да не беше поставен и пост кој вели: „Ние сме возбудени да ја откриеме нашата соработка со иконски британски бренд. Нова димензија на стилот, дизајнот и иновациите доаѓа наскоро … # соработка “, стои во пораката на Твитер.
Но кога ќе се погледне повнимателно сликата која ја објавија на Twitter може да се забележи силуета на човек, што алудира на соработка со некоја британска модна куќа, како Burberry или Alexander McQueen.
Ако тоа е случај, не е тешко да се замисли што може да даде соработката.