fbpx

За три месеци на глобално ниво се продадени 22.468.483 милиони нови автомобили

Според податоците на LMC Automotive, во март, во глобални рамки биле купени 8.878.346 милиони нови автомобили, што претставува намалување од 5% во споредба со истиот месец во 2018 година

Податоците на Агенцијата за првите три месеци од годинава се на ниво од 22.468.483 милиони единици, што пак е со 6,7% под резултатот за истиот период минатата година. Иако со намален резултати за Март, така и за првата четвртина на годината, Кина го задржува статусот на најголем автомобилски пазар во светот.

Во изминатиот месец во земјата биле реализирани 2.384.129 милинои нови автомобили (-7,8%), а за првите три месеци од 2019 показателот е 6.186.203 милинои единици или -12,8%. Во март, во Западна Европа биле купени 1.856.366 милиони нови автомобили (-3,2%), а во првиот квартал 4.289.624 милинои единици (-2,9%).

нови автомобили

За САД соодветните резултати се 1.607.665 (-2.9%) и 3.984.309 (-3%), додека за Јапонија се 633.121 (-3,6%) и 1.510.611 (-0,6%), а за Источна Европа се 379.591 (-4,9%) и 925.998 (-6,4%). Најголемо намалување на побарувачката на нови автомобили меѓу главните пазари во март е забележано во Бразил и Аргентина со 16% или 236.930 единици.

Поврзани вести

Back to top button