fbpx

GM и Michelin со безвоздушни пневматици до 2024 година (Видео)

На безвоздушните пневматици се работи веќе со години, а набрзо се очекува тие да станат достапни и на пазарот за патничките возила

Во партнерство со Michelin, GM ќе започне со тестирање на „UPTIS“ (Unique Puncture-proof Tire System) пневматиците, кое ќе се одвива подоцна оваа година. Испитувањето ќе биде спроведено на флота од моделот Chevrolet Bolt. Ваквите тестовите се дизајнирани да помогнат во понатамошното развивање на овие пневматици, така што GM ќе може официјално да ги претстави во 2024 година.

Безвоздушните пневматици доаѓаат со голем број на бенефиции, бидејќи неможат да се оштетат или скинат како конвенционалните пневматици. Возачите, исто така нема да мора да се грижат за нивното одржување или оштетување предизвикано од неправилно користење.

пневматици

Пневматиците UPTIS ветуваат дека ќе бидат еколошки, бидејќи значително ќе го намалат бројот на скинати или оштетени пневматици кои се исфрлаат од употреба пред да го достигнат крајот на нивниот животен циклус. Тие, исто така, ќе ја отстранат потребата од резервните пневматици, што ќе ги направи возилата полесни, а GM вели дека ова ќе предизвика намалување на употребата на суровини, потрошувачка на енергија и емисии.

Комапнијата Michelin проценува дека приближно 20% од пневматиците се исфрлаат од употреба секоја година поради оштетување и неправилна употреба, што севкупно значи 200 милиони пневматици годишно или еден тон отпад. Со технологијата на безвоздушните пневматици, оваа бројка би можела значително да се намали.

Поврзани вести

Back to top button