fbpx

GM ќе губи по 20 илјади долари од секоја продадена Corvette C8

Американскиот производител ги изненади сите кога на премиерата на својот суперспортски автомобил откри дека почетната цена ќе изнесува само 59.995 долари

Во пресрет на лансирањето на осмата генерација на моделот Chevrolet Corvette се шпекулираше колкава би можела да биде почетната цена на овој суперавтомобил на GM со централно поставениот мотор кој произведува 497 КС. Сепак, никој не можеше ни да претпостави дека General Motors ќе ја постави својата основна цена толку ниско. Тогаш се шпекулираше дека можеби станува збор само за маркетинг трик со цел за C8 да се пишува повеќе во медиумите, а дека производителот подоцна ќе ја корегира цената.

GM слична пракса применил кога ја претставуваше претходната генерација – Corvette C7. Тогаш во втората година од производството основниот модел поскапе за 2.000 долари, а следната година за уште 2.000. Меѓутоа, ниту евентуалното зголемување од 4.000 долари не би му помогнало на GM да избегне загуби при продажбата на најевтината верзија на C8.

Corvette C8

General Motors си има свои пресметки

Според Мотор Тренд, Chevrolet би можел да ја подигне цената на основната верзија дури на моделот за 2021. година. До тогаш, GM ќе губи околу 20.000 долари на секој C8 кој се продава во основната верзија. Исто така се наведува дека проектираната стартна цена при прелиминарните калкулации изнесувала 79.995 долари. Имено, толку би требало да чини најевтиниот Chevrolet Corvette за да се покријат трошоците за развој и производство на осмата генерација на овој автомобил.

Иако е дефинитивно убаво да се добијат подобри перформанси од автомобил со среден мотор, GM сигурно знаел дека купувачите не би издвоиле толку многу пари. Затоа е веројатно дека тие направиле пресметки и со сигурност знаат дека C8 се уште може да им донесе заработувачка. Планот на американскиот производител е да додаде голем број на опции преку кои би се зголемила цената на околу 80.000 долари. На крајот на краиштата, тие немаше да бидат толку долго во овој бизнис ако намерно се обидуваа да загубат пари на автомобил.

На крајот, GM најверојатно ќе заработи исто или повеќе пари на C8 од C7, за кој се претпоставува дека донел 2 милијарди долари приход за шестгодишен период, односно чиста заработувачка од 10.000 долари по автомобил.

Поврзани вести

Back to top button