GM се враќа во Европа?
Во последните неколку години General Motors целосно се повлече од Европа. Прво го повлече Chevrolet , а оваа година го продаде Opel на PSA
Но, според извршниот директор, Мери Бара, враќањето во Европа е можно со обезбедување мобилни услуги и автономни технологии.
-Ништо не нè спречува да се вратиме во Европа, објасни таа на настанот организиран од Automotive Press Association. Тоа е навистина можно, а како ќе го сториме тоа, останува на нас !
GM во моментов се обидува да го смени имиџот на традиционален производител на автомобили, кој од време на време бидува спасен од банкрот со американски даночни обврзници и се обидува да најде место меѓу технолошките компании кои го насочуваат патот кон индустријата. Бара веќе посочи дека GM ќе продолжи да инвестира многу во автономни автомобили, електромобили и услуги за заеднички возила.
Компанијата покажа автономна верзија на Chevrolet Bolt во ноември во Сан Франциско и најави дека во 2019 година ќе ги вклучи таквите возила во програма за споделување на електромобилите.