fbpx

Големиот SUV на Opel доаѓа во 2020 година

Подготовката на голем SUV со 7 седишта, е една од главните задачи поставени пред Opel и утврдени во новата стратегија на брендот

Автомобилот ќе се појави во 2020 година, соопштува Automotive News.

Германскиот производител објави официјален тизер на идниот модел кој ќе стане предводник на брендот. Кросоверот ќе биде изграден на платформата EMP2, која припаѓа на Алијансата PSA Peugeot-Citroen. Според новата стратегија на Opel, сите модели на марката преминуваат на едно од двете шасии на француската група – EMP2 и CMF.

Opel

Од тизерот се гледа дека кросоверот нема решетка на ладилникот, што значи дека тој ќе добие и целосно електрична верзија. Според информациите, освен со стандардни мотори и агрегат на струја, моделот ќе се нуди и во хибридна модификација, која ќе може да се полни од електричната мрежа. Новиот модел ќе го заземе местото на Zafira во палетата на брендот, што речиси сигурно значи дека тој нема да добие систем за погон на четири тркала. Технички кросоверот ќе се доближува до Peugeot 5008, а неговото производство ќе биде сконцентрирано во фабриката во Ајзенах, во Германија.

Поврзани вести

Back to top button