Големи промени за третата генерација на Dacia Logan
Во текот на следните две години треба да се појави третата генерација на популарниот модел на Dacia Logan, чиј развој оди со полна пареа, а како што потенцираат од компанијата новиот автомобил ќе биде со доста промени
Втората генерација на буџетскиот модел користи модернизирана верзија на платформата B0 Global Access, сега етикетирана како B0 +. Оваа платформа дебитираше во 2005 година, а нејзините корени доаѓаат од втората генерација на Renault Clio од 1998 година. Renault и Dacia ќе продолжат во иста насока, односно поради заштедите, планираат новиот Logan да го надградат исто така на веќе проверена конструкција.
Според француското издание L’Argus, станува збор за модернизирана верзија на модуларната платформа CMF-B, која во Renault планираат да користат и кај следната генерација на субкомпактниот модел Clio, што треба да дебитира следната година. Модуларната платформа ќе има две варијанти – High Spec ќе значи дека моделот ќе добие повеќе електроника и напредна технологија, како и Access Spec, која ќе е за поедноставни верзии со едноставна архитектура и скромни достигнувања во однос на удобноста и изолација на бучавоста.
Во исто време, употребата на се повеќе и повеќе стандардни компоненти во различни модели, исто така, доведува до намалување на трошоците. Така ќе биде и со третата генерација на Logan, кој ќе користи многу компоненти од моделите на Renault и Nissan.
Другите информации поврзани со новиот Logan се однесува до моторната гама, а е речиси сигурно дека во неа ќе се најде новиот 1.3-литарски турбо мотор TCe, како и модернизирана верзија на супер успешниот 1.5-литарски dCi турбодизел.