fbpx

Гордон Мареј ветува автомобил со „совршена аеродинамика”

Компанијата Gordon Murray Automotive, основана од креаторот на McLaren F1 и Mercedes SLR McLaren, Гордон Мареј, покажа тизер на својот прв модел - двосед супер спортски автомобил.

Компанијата Gordon Murray Automotive, основана од креаторот на McLaren F1 и Mercedes SLR McLaren, Гордон Мареј, покажа тизер на својот прв модел – двосед супер спортски автомобил. Мареј вети дека автомобилот ќе има супер совршена аеродинамика – нешто што досега не беше можно за сериски автомобили. Уште при промоцијата на новата компанија Мареј најави дека при производството на новиот модел ќе се користи создадена од него технологија- iStream, а тука станува збор за „лесна варијанта” (Superlight).

Gordon Murray Automotive

Главното достигнување на оваа технологија е дека панелите на конструкцијата се околу 50% полесни. Покрај тоа, во основата на идејата е фактот дека шасијата треба да е изградена од челични цевки и композитни материјали, кон која се прицврстени каросеријата и другите компоненти на возилото.
Мареј додаде дека новиот модел ќе добие 3-цилиндерски бензински мотор, кој ќе е дел од хибриден систем за погон, а вкупната тежина на возилото нема да надмине 1.000 килограми. Инаку, технологијата iStream во моментов се користи од две компании – Yamaha и ревитализираната TVR, каде Мареј помогна сериозно за создавање на новиот спортски модел Griffith.

Поврзани вести

Back to top button