Горивните ќелии станаа поисплатливи
Fraunhofer IPT се обидува да го подобри обликувањето на биполарните плочи со што ќе ги намали трошоците за производство и ќе овозможи масовно производство
Како дел од истражувачкиот проект „ Flygo”, научниците од Институтот за производни технологии (IPT) Fraunhofer и 5 партнери од индустријата и науката развиваат нови начини на масовно производство на горивни ќелии. Биполарните плочи придонесуваат за поголемиот дел од тежината на горивната ќелија и за скоро половина од трошоците за производство. Новиот процес на производство може драматично да ги намали овие трошоци.
Биполарните плочи регулираат различни аспекти од куќиштето со горивни ќелии, вклучително снабдувањето и дистрибуцијата на водород и кислород. Досега, тенките метални плочи кои се дебели само една десетина од милиметар, се произведуваат со употреба на процеси за обликување и сечење. Потоа, плочите се заваруваат заедно, две истовремено, пред да бидат обложени со средство за потполнување (изолатор). Ако плочите се обликуваат под високи температури и се особено мали, може да се појават пукнатини во металот.
Топло обликуваните листови од титаниум и нерѓосувачки челик ќе го скратат процесот на производство и ќе спречат појава на пукнатини. Овој нов пристап има импликации за целиот синџир на процеси, вклучително и топло обликување, заварување, обложување и склопување. Истражувачите на Fraunhofer на почетокот на ноември ќе им овозможат на посетителите увид во масовното производство на биполарни плочи на саемот „Blechexpo”.