fbpx

Groupe Renault и Brilliance со нова заедничка компанија во Кина

Groupe Renault и Brilliance China Automotive Holdings Limited (Brilliance) објавија дека ќе постават темели на заедничка компанија, која ќе се занимава со производство и продажба на комерцијални возила, кои ќе се нуди во три сегменти и од три автомобилски марки - Jinbei, Renault и Huasong

Двата гиганти поставија цел за постигнување на годишна продажба од 150.000 единици до 2022 година, како и брз развој во областа на електрифицирани погонски системи. Новата зедничка компанија на Groupe Renault и Brilliance ќе се вика Renault-Brilliance-Jinbei Automotive и ќе лансира на пазарот за кинеските корисници мултифункционални комерцијални возила. Во моментов, локалниот пазар на комерцијални возила е на ниво од 3.000.000 единици годишно.


– Groupe Renault инвестира и континуирано се проширува во Кина во последните четири години на полето на комерцијални и електрични автомобили. Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi дава пристап до широк спектар на технологии, а дел од нив ќе им овозможат на Renault-Brilliance-Jinbei Automotive Company да развие соодветни производи, создадени специјално за кинескиот пазар, истакна Карлос Гон, претседател и извршен директор на Groupe Renault. – Гледаме на Кина не само како најголем автомобилски пазар во светот, но исто така како пресуден за иднината на автомобилската индустрија.

Поврзани вести

Back to top button