fbpx

Groupe Renault покажа четири нови товарни возила

Лидерот на пазарот на комбиња и лесни електрични автомобили Groupe Renault ги соопшти првите детали за четири нови модели- Renault Master, Renault Trafic, Renault Alaskan и Kangoo Z.E

Концептите, ќе му помогнат на гигантот да ја прошири својата позиција на нови пазари.

„Минатата година беше најдобра за комерцијалната поделба во однос на продажбата со раст од 34% во споредба со годината претходно“, коментираат од Renault-Nissan LCV. „Во 2019 година ние ќе продолжиме да ја надградуваме нашата палета, за да одговориме на очекувањата на клиентите. Благодарение на развојот на Renault Pro + и нашите предлози за поврзување, ние ќе продолжиме да создаваме соодветни и иновативни решенија за да им помогнеме на нашите клиенти“.

Groupe Renault

Новиот Master, Trafic и Alaskan сега се уште поизразени, а за веќе цврсто поставениот Kangoo во 2020 година ќе го добие својот наследник. Новите модели доаѓаат со целосно изменет ентериер, нови системи за поддршка на управувањето и зголемена безбедност, нова палета на помоќни и поефикасни мотори, а од сега ќе бидат достапни и во целосно електрични верзии со ознаката Z.E.

Поврзани вести

Back to top button