fbpx

Groupe Renault со позитива од 9,8% во првата половина на 2018

Groupe Renault објави дека продажбата на автомобили и комерцијални возила на компанијата, вклучувајќи ги и LADA, Jinbei и Huasong, во првата половина на годината се зголеми за 9,8% до ниво од 2,1 милиони единици.

Со речиси 2,1 милиони продадени автомобили во првата половина на 2018, трета година по ред поставуваме нов продажен рекорд, истакна Тиери Коска, извршен потпретседател на единицата за Продажба и Маркетинг на Groupe1 Renault. Во Европа Групацијата продолжува да остварува значаен удел на пазарот, а на меѓународно ниво постигнуваме исто така добри резултати, особено во Латинска Америка, Евроазија и Африка.

Продажбата на брендот Renault во првата половина на годината достигна ниво од 1.378.583 единици, што претставува зголемување од 2,4% во споредба со истиот период на 2017. Марката ја засилува лидерска позиција кај електрични возила во Европа, каде забележа раст од 11,6% и пазарен удел од 21,9%. Кај ZOE подобрувањето е 1.1%, а кај Kangoo Z.E. – 125%.

Groupe Renault

Dacia ги заврши првите шест месеци од 2018 година со подобрување во реализацијата од 13,4%, или 378.095 автомобили, а Lada придонесува со 186.526 единици (+ 24%). Реализација на Renault Samsumg Motors е на ниво од 38.580 пласирани автомобили (-26.9%), а на Jinbei и Huasong е 85.267. Ревитализираниот од француската група, легендарниот бренд Alpine, евидентира 644 продажби од почетокот на годината.

Најголемо пребарување на производите на Groupe Renault има во Франција (389.216), а потоа се подредуваат Русија (240.738), Германија (124.251), Италија (118.376) и Кина (117.646).

Поврзани вести

Back to top button