fbpx

Gumpert претстави сериска метанолска горивна ќелија

Gumpert Aiways Automobile во Шангај ја претстави сериската верзија на метанолската горивна ќелија која работи без течен водород

По ланската презентација на електричниот спортски концепт RG Nathalie, со метанолска горивна ќелија, Roland Gumpert сега ја претстави сериската верзија на специјалната горивна ќелија. Возилото би требало да вози околу 1.000 километри со оваа горивна ќелија, пред да се наполни со гориво повторно за само три минути.

Gumpert AiwaysСпоред компанијата, горивната ќелија претвора еден литар метанол во електрична енергија од 2 kWh. Резервоарот со капацитет од 70 литри потенцијално може да складира 140 kWh струја и уште 70 kWh кои се скалдираат во батеријата. Со вкупно 210 kWh, наведениот опсег од 1.000 километри треба да биде можен, што би резултирало во вкупна потрошувачка од 21 kWh/100 километри.

Метанолската горивна ќелија доаѓа од Blue World Technologies. „Со брз пристап и силен фокус на квалитет и искуство во возењето, Aiways е без сомнение вистинскиот играч да го води патот до комерцијален успех за возилото со гориво метанол“, вели извршниот директор Андерс Корсгард.

Gumpert е подготвен за почеток на овој проект. Првите производствени возила на ограничениот Nathalie „First Edition” ќе бидат испорачани во летото 2020 година. Пред тоа, серискиот моделот ќе биде претставен Саемот на автомобили во Женева во март.

Поврзани вести

Back to top button