fbpx

GWM официјално ja претстави ORA

Кинескиот автомобилски гигант Great Wall Motors Co. официјално го претстави својот нов бренд ORA

Веста доаѓа не долго по објавувањето за формирањето на заедничката компанија Spotlight Automotive Ltd., под која германскиот производител на автомобили BMW и GWM ќе развиваат електрични возила на иднината. По Great Wall и HAVAL, која е целосно специјализирана во производството и понудата на SUV автомобили и оваа со BMW, ORA е четвртиот бренд од портфолиото на најголемиот кинески производител со фокус на автомобили со алтернативeн погон.

Името на новиот бренд е инспирирано од името на швајцарскиот математичар и физичар Ојлер и формирано e од првите букви на англиските зборови „отворен” (Open), сигурен (Reliable), алтернативен (Alternative).

ORA е проект целосно и само на GWM и ќе се фокусира на развој и сериското производство на автомобили со алтернативен погон, вклучувајќи и такви на водородни клетки. За време на презентацијата потпретседателот на GWM и извршен директор на ORA, Нин Шу, призна дека зад создавањето на ORA стојат 10 години истражување и развој во специјално создаден за целта R & D центар, во кој се користени технолошките иновацииод земји како Јапонија, Германија, Австрија и други.

ORA

„За нас во GWM беше приоритетно да развиеме автомобили кои нудат вистинска еколошка алтернатива, а не само да ги замениме конвенционалните горива со електрична енергија. Сакаме и работевме на тоа, да понудиме одржливи и долгорочно решенија во името на човековото здравје и животната средина. И успеавме со ORA.

GWM инвестираше над 10 милијарди јуани во развој на високо-технолошки решенија и веднаш ќе понуди нешто сосема ново. Меѓу врвните достигнувања е и платформата ME, на чија основа ќе се произведуваат моделите на ORA. Значајни откритија се направени во однос на безбедноста, стабилноста и енергетската ефикасност.

ORA

Во новината од ORA, меѓуоскиното растојание е максимизирано на најдобар можен начин, што значително го зголемува просторот во задниот дел на возилото, над 60% од куќиштето на новите модели е од челик, сериски тие се опремени со 6 воздушни перничиња, AEB и нудат асист-системи на ниво L4 .

Врз основа на платформата се развиени веќе три модели: iQ, R1 и R2. iQ е првиот модел кој ќе се позиционира како нова генерација целосно електричен компактен SUV, придвижуван од литиум-јонска батерија и синхрони мотори со постојан магнет BorgWarner, моделот е со продолжен опсег до 360 километри.

R-сериите исто така се целосно електрични и имаат импресивна леснотија и километража во нивните соодветни сегменти. Како и кај R1 и R2, големо внимание се посветува на поврзувањето. Индивидуалниот дизајн и паметните системи ги прават едно од најинтелигентните електрични возила во класата. Трите модели на ORA ќе се насочени кон луѓето кои имаат свој и неизменет стил, сакаат предизвиците и веруваат во себе.

Идните планови на Great Wall Motors предвидуваат развој на нови платформи за производство на автомобили со три типа напојување, електричен, хибриден и на водород. Платформата XEV е за автомобили на водород, а прв таков автомобил ќе биде претставен пред Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.

GWM е единствениот кинески производител на автомобили член на организацијата Hydrogen Council, создадена за време на Економскиот форум во Давос во почетокот на минатата година, која инвестира во инфраструктура за водородни технологии. Компанијата има свој истражувачки центар за истражување и развој во областа на водородни погонски системи.

Поврзани вести

Back to top button