fbpx

Gymkhana се врати со многу акција и нови лудости

Gymkhana повторно се врати откако Subaru и Hoonigan се здружија заедно за да го објават Gymkhana за 2020 година

Во главните улоги на Gymkhana 2020 се Травис Пастрана и Subaru WRX STI со 874 КС, а видеото е снимено во Анаполис, Мериленд и се одликува со многу акција, лудости, скокови и други каскадерски и адреналински потези.

Помина речиси една деценија откако Subaru објави официјално Gymkhana видео. Второто издание од серијалот беше објавено во 2009 година кога Кен Блок возеше WRX STI кој беше малку повеќе рели фокусиран. Овој WRX STI е малку „полуд“, исто како и човекот кој се најде зад управувачот. Травис Пастрана очигледно сака да лебди во воздух, па не се двоумеше да прави невидени лудости во своето Gymkhana деби.

Видеото содржи некои импресивни моменти и акција, а Пастрана вели „правењето на моето прво Gymkhana видео е неверојатно искуство! Многу сум возбуден што конечно добив шанса да го направам тоа, особено во мојот роден град, со што сите идеи кои ги имав со години можев да ги остварам“.

Кога станува збор за моделот, ова е еден уникатен модел направен со специјална намеа од страна на Subaru Motorsports САД и Vermont SportsCar. Се одликува со карбонска каросерија и соголен ентериер, што овозможува моделот да тежи само 1.190 килограми, што е 363 килограми помалку од стандарниот WRX STI.

Јасно е дека ова ново Gymkhana видео е дизајнирано не само за да биде предавање на штафетата со тоа што нов возач ќе ги прави истите лудости како претходно. Пастрана навистина одлично се покажа во ова видео, а ако ова е видеото на Gymkhana, тогаш франшизата е во сигурни раце.

Поврзани вести

Back to top button