Хамилтон ja освои Каталуња!
Пилотот на Mercedes, актуелниот шампион Луис Хамилтон победи во трката за Гран При на Шпанија и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 17 поени пред вториот Себастијан Фетел од Ferrari, кој поради лошата стратегија на својот тим остана без подиум
Луис наметна тотална доминација од стартот до финишот и ги остави конкурентите да се борат за местата зад неговиот грб. Погрешна стратегија на Скудерија, која го испрати четирикратниот светски шампион двапати во боксот, за разлика од своите конкуренти од Mercedes и RedBull, кои останаа со по еднo менување на гумите, му оневозможи на Фетел да се искачи на подиумот во Барцелона и го остави на четвртото место.
Пред Себ, втор низ целта мина другиот пилот на шампионите од Mercedes, Валтери Ботас, па ова беше првата еден-два победа за тимот од Штутгарт. Трет низ цета мина и покрај тоа што трката ја заврши со оштетен болид, Холанѓанецот Макс Верстапен од RedBull. Неговиот тимски колега, Даниел Рикардо, не успеа да влезе во битката за првите позиции и така остана само петти. Шести беше пилотот на Haas, Кевин Магнусен, кој повторно се претстави во блескаво издание, потврдувајки ги своите вредности и на болидот.
Седмото место денес зазеде пилотот на Toro Rosso, Карлос Сајнц, на задоволство на домашната публика. Неговиот колега, Фернандо Алонсо не успеа да ги израдува шпанските навивачи на трибините, бидејки стигна само до осмото место. Последните поени во оваа пета рунда од шампионатот во Formula 1, го освоија деветтиот Серхио Перез од Force India и десеттиот Шарл Леклер од Sauber.
Трката ја одбележаа неколку поединости. Тоа беше пред се извонредната реакција на Фетел по активирањето на зелените светла на стартот, која му овозможи на Германецот да се „протне“ помеѓу двата болиди на Мercedes. Не помина возачите многу по стартот, Роман Грожан изгуби контрола над болидот на Haaѕ, се заврте по што дојде до тежок инцидент и елиминацијата на Нико Хулкенберг од Renault и Пјер Гасли од Toro Rosso. Во 25-oт круг Кими Раиконен отпадна од трката во Барселона по дефект во болидот на Ferrari.
Хамилтон ја оствари својата 64 победа и оствари нов рекорд – 25 трки по ред во кои се нашол во конкуренција за бодови, со што го сруши остварувањето на Кими Раиконен. Во генералниот пласман води со 95 поени, пред Фетел со 78. Ботас 58, Раиконен 48, Рикардо 47 бодови …