fbpx

Хамилтон останува „крал“ на Хунгароринг

Возачот на Mercedes, актуелниот свески шампион Луис Хамилтон триумфираше во 12-то издание од годинашниов шампионат во F1, што се возеше на патеката Хунгароринг за Големата награда на Унгарија

Британецот до својата петта победа сезонава, инаку рекордна шеста на патеката Хунгароринг, стигна пред својот најголем ривал во битката за новата шампионска круна, Германецот Себастијан Фетел и Финецот Кими Раиконен, двоецот на Ferrari. На тој начин Хамилтон го зголеми водството во генералниот пласман пред Фетел на 24 поени, пред летната пауза која трае три недели.

Хамилтон без посериозни проблеми дојде до 67-та победа во кариерата, бидејки стартуваше од пол позицијата, која ја „ќари“ на маестрален начин по дождот во саботните квалификации во последниот круг и водеше до самиот крај. Но, мора да се признае дека фантастично и овој пат „неговиот грб“ го чуваше од сите налети и поставени стратегии од конкурентите, неговиот клупски колега, Финецот Валтер Ботас.

Тој по трката, поради „глупостите“ кои ги направи за да го „заштити“ Хамилтон посака директна средба со раководството на тимот „на оваа тема“?!

Хамилтон

За жал тактиката на Mercedes не успеа за само уште четири круга. Ботас успеваше со истрошени гуми да го задржува Фетел дури 17 круга. Кога попуштија гумите и концентрацијата, не му требаше она на Ботас, бидејќи двоецот на Ferrari беше навремено сопрен. И во Ferrari не беше се така „чисто“, бидејќи беше очигледно дека Кими е побрз од Себ, но сепак на крајот Германецот беше пред Финецот.

Но, за да трагедијата биде уште поголема Ботас „заглави“ и со возачот на Red Bull, Даниел Рикардо, па дојде до контакт меѓу нив по обидот Австралиецот да го мине. Рикардо сепак сочека поволна ситуација и го мина Ботас, чиј болид не изгледаше баш добро по ударот со фетелм, а потоа и со Рикардо.

Зад Ботас на трката се пласираа возачот на Toro Rosѕo, Пјер Гасли, седми беше Кавин магнусен на Haаѕ, пред славеникот Фернандо Алонсо, кој го одбележа со оваа трка својот 37-ми роденден на McLaren, како и возачите на Renault, Карлос Саинс и Поман Грожан.

Првенството продолжува со трката на легендарната Спа Франкошамп, за Големата Награда на Белгија на 26 август.

Поврзани вести

Back to top button