Хамилтон се израмни со Шумахер по бројот на титули
Луис Хамилтон ја обезбеди својата седма Formula 1 титула откако забележа маестрална победа на трката за Големата награда на Турција
Трката во Турција беше една од највозбудливите, ако не и највозбудливата оваа сезона кога станува збор за пресвртите, но и условите на патеката. На крајот, Луис Хамилтон успеа да запише нова победа, а со тоа на најдобар можен начин дојде до својата седма титула во кариерата во Formula 1. Британецот со месеци беше на врвот на табелата и изгледаше неизбежно дека ќе го израмни рекордот на Михаел Шумахер. Тој сега има 307 поени во конкуренцијата на возачи, 110 повеќе од неговиот клупски колега Валтери Ботас кој е второпласиран.
The emotions spill out, as @LewisHamilton conquers the world for the seventh time ❤️👑#TurkishGP 🇹🇷 #F1 pic.twitter.com/KzqVKysLqL
— Formula 1 (@F1) November 15, 2020
Хамилтон на Големата награда на Турција стартуваше од шестата позиција откако имаше тешки квалификации поради влажните околности на патеката. Имаше и потпросечен старт на трката во еден момент и заостануваше 20 секунди зад лидерот Ленс Строл. Сепак, по менувањето на пневматиците за влажни услови во универзални во осмиот круг, Хамилтон успеа да ги претекне ривалите и да воспостави возбудлив ритам на патеката, за на крајот да заврши 31 секунда пред второпласираниот Серхио Перез.
The moment 🏁
Watch and listen to @LewisHamilton's reaction after he crossed the line to claim the most unlikely of wins, and seal his 7th world title!#TurkishGP 🇹🇷 #F1 pic.twitter.com/lTBRshCUSr
— Formula 1 (@F1) November 16, 2020
Емотивни моменти по трката
„Знам дека често велам дека е ова се моите најлуди сништа, но мислам дека целиот живот потајно сонував да стигнам до тука. Но, секогаш делуваше дека е недостижно. Се сеќавам како Михаел ги освојуваше тие шампионати, и сите ние возачите го даваме најдоброто што можеме, а тешко е да се освои една, две или три титули. Затоа, да се стигне до седум е навистина незамисливо. Сепак, кога работите со така одлична група на луѓе и комуницирате, си верувате и се слушате едни со други, едноставно нема граници на тоа што можеме да го направиме, овој тим и јас заедно“, изјави Хамилтон по трката.
— Formula 1 (@F1) November 16, 2020
„Огромни честитки до Луис за неговата седма шампионска титула, какво неверојатно достигнување. Луис е дел од нашето Mercedes семејство повеќе од 20 години. Ни се приклучи како неверојатен картинг талент, а денес тој е еден од најдобрите возачи на сите времиња“, изјави извршниот директор на Daimler, Ола Калениус.