Haval Dargo отсега достапен во салонот на Толту Моторс
Новиот модел на Haval Dargo отсега е достапен во изложбениот салон на Толту Моторс, генерален застапник за моделите на Haval. Овој впечатлив автомобил, со својот модерен дизајн и напредна технологија, претставува идеален избор за сите кои го бараат стил, комфор и перформанси.
Новиот Haval Dargo е веќе достапен за продажба. Освен што овој автомобил нуди удобност и безбедност, Толту Моторс подготви и привлечна понуда, што го прави достапен за широк спектар клиенти. Моделот Haval Dargo привлекува со својот висок степен на функционалност и луксуз, при што секој детал е внимателно изработен за да ги задоволи потребите на секој возач. Со напредните безбедносни карактеристики и иновативните технологии, Haval Dargo е високо поставен во својата класа.
Високото ниво на опрема, кое вклучува голем број на технолошки достигнувања, е во комбинација со 2.0 GDIT мотор кој испорачува 192 коњски сили и максимален вртежен момент од 320 Nm. Погонот е на сите тркала, а менувачот е добро познатиот 7 степен DCT со двојна спојка.
„Овој настан претставува значаен момент за Haval и Толту Моторс, и со воведувањето на Haval Dargo на македонскиот пазар, продолжуваме да го градиме нашиот имиџ како лидер на азиската индустријата на автомобили во земјата. Секој што е заинтересиран е поканет да го искуси во салонот на Haval Macedonia и да се увери во квалитетот и перформансите на новиот Haval Dargo“ – вели Сашо Трпковски генерален менаџер на Толту Моторс.
За повеќе информации, може да се обратите во Haval Macedonia или да посетете ја веб страната www.greatwall.mk