fbpx

Haval на Great Wall започнува со производство на руски SUV

Кинескиот SUV бренд започна со производство на F7 SUV во новата фабрика во Русија

Haval, кој тврди дека е водечки SUV бренд во Кина и е дел од групата Great Wall Motor (GWM), започна со производство на F7 SUV во новата фабрика во Тула, Русија.

За производителот ова е првото „целосно масовно произведено возило во странство”, изградено од CKD (Completely Knocked Down -CKD Kits) опрема. F7 исто така, е првото возило кое има кинеско истражување и развој во мултинационална скала со целосен процес на производство спроведен во Кина и Русија.

„Со фабриката во Тула, ние помагаме во стимулирањето на локалниот економски развој како дел од Belt and Road иницијативата. Верувам дека нашата стратегија за глобализација има потенцијал да оди подалеку од отворањето меѓународни пазари, тоа ќе го направи Haval да биде клучен играч на глобалната автомобилска сцена“, изјави Веи Џијан, претседател на Great Wall.

Со инвестиција во вкупна вредност од над 500 милиони американски долари, фабриката Тула е досега најголемиот инвестициски проект на GWM и прва кинеска фабрика за целосно производство на возила надвор од Кина. Со годишен капацитет од 150.000 единици, фабриката ги опфаќа сите фази на производство, вклучувајќи пресување, заварување, фарбање и интегрирано склопување. Фабриката исто така, има делови на самото место и контролата на квалитетот ќе се спроведува локално.

F7 SUV

Во согласност со планот на Haval за локализирање на 65% од производството, над 90% од 800-те вработени во фабриката се локалци и се очекува нивниот број да се зголеми на 1500 до крајот на јуни 2019 година. Како најзначаен индустриски проект во Тула, се предвидува фабриката да ја зајакне локалната економија за 430 милиони долари во домашни приходи и даноци. Возилата од фабриката, ќе бидат извезувани и во соседните земји, зголемувајќи го девизниот приход на Тула.

Фабриката во Тула ја нагласува „ерата на глобализација 3.0″ на Haval, која ја искористи иницијативата „Belt and Road” за одржлив развој преку глобалната дистрибуција, истовремено извезувајќи ги производните и технолошките достигнувања на Кина низ целиот свет.

Сместена во индустрискиот парк Узлова во Тула, Русија, фабриката е стратешки поставена во близина на руски економски центри, вклучувајќи ги Тула, Нова Москва и Москва.
Фабриката Haval ќе служи како основа за развој во пазарите во Централна Азија и Источна Европа, вклучувајќи ги и соседните земји Белорусија, Казахстан и Молдавија.

Поврзани вести

Back to top button