fbpx

Моторот Hellephant ќе вметне 1000 коњски сили во вашиот автомобил, секако ако можете да го вградите

Страста кон големите и моќни мотори со внатрешно согорување не згаснува. Дали вашиот автомобил би можел да го носи моќниот Hellephant на Dodge?

Може постојано да ги подобрувате перформансите на вашиот стар „набилдан” автомобил со електронски или механички тјунинг или можете да преминете директно на 1000 коњски сили со поставување мотор под хаубата, како што е супернатполнетиот Hellephant 426 Hemi од Dodge.

Моторот доаѓа како комплет со она што е потребно за негово вградување во автомобилот, со сите потребни работи за справување со неговата големина и масивна моќност. Како стигнаа до креирање на оваа машина?

Hellephant

1. Цилиндри

Согорувањето има потреба од простор за бум. Овој V-8 мотор има 7000 cm3 цилиндричен простор. Не е најголемиот мотор во светот, дури ни во гамата на Dodge, но е силен што е од клучно значење при супернатполнењето.

2. Суперполнач

Повеќе кислород во моторот значи поголема експлозивна моќ. Масивниот 3-литарски компресор форсира повеќе воздух во утробата на овој ѕвер. Тој генерира засилување од 1 килограм по квадратен центиметар, обезбедувајќи дополнителен стимул во моментот кога ќе се допре педалот за гас.

3. Гориво

Многу мотори бараат високо-октанско тркачко гориво за да ги генерираат декларираните коњски сили, но бидејќи Dodge исто така целел на Hellephant во автомобилите уште пред 1976 година, го нагодил моторот сепак да го достигне својот максимум со 93-октанско гориво од било која бензинска станица.

4. Вртежен момент

Притиснете на гаста и овој моторен погон може да генерира до 1300 Nm вртежен момент. Тоа е доволна ротирачка сила на трансмисијата за да го избрише регуларниот менувач или дури и да ja усука рамката на автомобилот. Затоа немојте да се обидувате и да го вметнете во вашиот стар мал автомобил.

Официјалното име на Hellephant е 426 Supercharged Crate HEMI Engine. Може да се купи за само 29.995 долари, плус достава, а купувачите можат да одлучат да додадат уште 2.265 долари и да добијат комплет за вградување за поедноставно поврзување.

Производството на моторот Hellephant за испораки е започнат подоцна оваа година. Моторот и комплетот за вградување се наменети за возила пред 1976 год. Повеќето купувачи на мотори како овие ги вметнуваат во модифицирани реставрации или тркачки возила.

Според изјавите на производителот на почетокот на мај, пред-нарачките за моторот се продадени за нешто повеќе од 48 часа, со тоа што за можноста за купување на истиот во иднина треба да се следат информациите на нивната официјална веб страна.

Поврзани вести

Back to top button