fbpx

Himalaya реставрираше и модифицираше уште еден Defender

Меѓу големиот број елементи на модифицираниот Defender од претходната генерација посебно место зазема V8 моторот на General Motors со 530 КС

Land Rover неодамна конечно го претстави моделот Defender од втората генерација, но во неколку компании кои се занимаваат со реставрација и модификација сметаат дека и понатаму има голем број на заинтересирани купувачи кои своите „оф роуд“ авантури повеќе би сакале да ги минуваат со легендарниот Defender од првата генерација кој Land Rover повеќе не го произведува.

Меѓу компаниите кои не се откажуваат од стариот Defender е и специјализираната компанија Himalaya со седиште во островскиот град Нентакет во Масачусетс, САД, каде долго време се занимаваат со реставрација и модификација на еден од најпознатите теренски автомобили на сите времиња.

Defender

Црвениот Defender 90 кој има пократко меѓуосовинско растојание, со подвижен покрив, спаѓа меѓу последните завршни проекти на ентузијастите од Himalaya, а темелно доизработениот автомобил се напојува со V8 моторот на General Motors кој Chevrolet со години го вградуваше во својот модел Corvette. Моторот развива нешто повеќе од 530 КС и 570 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува на сите четири тркала со помош на шестстепен автоматски менувач.

Defender

Покрај интересната погонска опција, модификациите во духот на модерното време со себе донесоа и LED светла во традиционалните куќишта, а зад новите 18-инчни алуминиумски фелни на кои се поставени гуми оптимизирани за неасфалтирани подлоги се крие темелно преработен систем за потпирање.

За подобрена крутост на каросеријата и безбедност на патнциите се задолжени цевките од безбедносниот кафез обложени со кожа, а модифицираниот Defender е опремен и со нови кочници. Во Himalaya не ја откриваат цената на нивната креација за чија инспирација послужи Defender моделот со V8 мотор со кој во Land Rover пред две години одбележаа 70-годишнина на својата икона.

Поврзани вести

Back to top button